Тачи: Приштина сака нова динамика во дијалогот со Белград

Косовскиот претседател Хашим Тачи синоќа изјави дека Приштина е заинтересирана за нова динамика во дијалогот со Белград, што треба да биде завршен со целосна нормализација на односите, објавено е на официјалната интернет страница на косовскиот претседател.
На средбата со американскиот заменик помошник државен секретар, Хојт Брајан Ји, во рамки на меѓународната конференција „Дубровник Форум“. Тачи кажа дека Приштина, заедно со стратешките партнери, САД и НАТО. ќе ги трансформира Косовските безбедносни сили во војска на Косово „преку транспарентен и сеопфатен процес, што е во тек на реализација“.
Зборувајќи за неодамна оддржаните парламентарни избори тој кажа дека тие беа оддржани во согласност со највисоките демократски стандарди, според кои ќе се создадат и новите институции во Косово.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
