Тачи: Косово ќе ги спроведе сите договори постигнати во Брисел
Косово ќе ги спроведе сите договори што беа постигнати со властите во Белград за време на преговорите во Брисел, изјави синоќа во Виена косовскиот претседател Хашим Тачи.
Според соопштението од наговиот Кабинетот, како пто јави дописникот на МИА, Тачи на средба со неговиот австриски колега Хајнц Фишер разговарал за политичките процеси во Косово и за договорот за европската мисија Еулекс, пти што ветил и дека наското ќе отпочне процесот за подготовката и на статутот за Заедницата на српските општини.
- Косово има само една перспектива, а тоа е евроатланската иднина. Ние постојано ќе работиме со цел што побрзо да станеме членка на ЕУ и НАТО. Многу сме Ви благодарни за подршката што ни ја давате во интегративниот процес, за визната либерализација и се надеваме дека Европската комисија многу набрзо ќе донесе одлука за укинување на визите за Косово, изјавил Тачи на средбата.
Австрискиот претседател,Фишер, како што стои во соопштението, изкажал задоволство од развојот на Косово, посебно што од неговата последна посета на Приштина, политичката ситуација се изменила и е многу помирна.
Тој му честитал на Тачи за потпишаната Спогодба за асоциација и стабилизација меѓу Приштина и ЕУ, како и за „членството на Косово во УЕФА и ФИФА“.
Тачи го уверил австрискиот колега дека ќе продолжи дијалогот со Србија и оти многу набрзо ќе почне да се подготвува статутот на Заедницата на општини со мнозинско српско население.
Ново на Сител
-
Сончево и многу топло
-
МПЦ-ОА го празнува споменот на Свети Климент Охридски и Свети Пантелејмон
-
Вучиќ изјави дека ќе бидат распишани вонредни избори, но не прецизираше датум
-
СЗО: Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна
-
Жител на тетовско осомничен за задоволување полови страсти на јавно место
-
Поради сообраќајка во прекин регионалниот пат Маврови Анови - Дебар
-
Кривична за четири лица за тешка кражба, нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура
-
Приведени две лица од Неготино, одзеле 30.000 евра од дом на брачен пар