Тачи: Косово ги исполни условите за добивање визна либерализација
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави за време на неговиот последен престој во Брисел му било речено дека Косово веќе ги исполнило сите 95 критериуми, што му беа поставени како услов за добивање визна либерализација.
Тали нагласи дека Косово направило конкретни чекори за зајакнување на владеењето на правото и оти бележи напредок во борбата против корупцијата, но дека треба уште да се направи во тој правец.
На состанокот на Националниот совет против корупцијата, тој призна дека борбата против организираниот криминал и корупцијата не е лесна, но се уште има работа што треба да се направи.
- Во текот на изминатите десет години, Косово презеде голем број активности за владеење на правото. Косово усвои законодавство во оваа област. Косово имаше предизвици во спроведувањето на законодавството. Овој процес чија цел е зајакнување на механизмите за борба против корупцијата ја има мојата целосна подршка, нагласи Тачи.
Тој посочи дека постепено бројот на судии и обвинители се зголемува, а зголемен е и буџетот за институциите за владеење на правото.
Меѓу досегашните усвоени закони во борбата против корупцијата, тој го наведе кривичниот законик, законот за кривична постапка, законот за судовите, за Советот на обвинители, за полицијата, Агенцијата за спречување на корупција, Законот за спречување судир на интереси и други закони.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите