Тачи и Курти на 15-минутен состанок „без правни ефекти“
Состанокот на претседателот на Косово Хашим Тачи со лидерот на Дvижењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, на кој се очекуваше Курти да го добие мандатот за формирање на новата влада на Косово откако неговата партија победи на октомвриските парламентарни избори, заврши по помалку од 15 минути, без конкретен резултат, јави дописникот на МИА од Приштина.
Курти по состанокот во кабинетот на Тачи изјави за медиумите дека имале „кратка консултативна средба без правни ефекти“.
– Ова беше кратка консултативна средба без правни ефекти во врска со наредната фаза на формирањето на институциите. Претседателот побара ние да изнесеме предлог и за ова негово барање јас ќе го известам Претседателството на ВВ, изјави Курти.
Тој порача дека ќе се сретне со Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), како единствен можен партнер за формирање на новата влада, кога и да се согласи таа партија.
Курти изјави дека во моментов ја искулучува опцијата на нови парламентарни избори и дека негова примарна цел е да го направи Косово со нова Влада. Сепак, порача тој, „ВВ е во секое време подготвено да влезе во нов изборен натпревар“.
Ново на Сител
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата