-->
-->
Таблите со новите имиња на аеродромот и автопатот по објавување во Службен весник
-->
Постапката за преименување на автопатот „Александар Македонски“ на Коридорот 10 и на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе почне по објавување во ЈП „Службен весник“ на одлуката што за таа намена ја донесе македонската Влада на вчерашната седница. Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) појаснуваат дека откако ќе се објави одлуката, на нивно барање и со нивен буџет активностите на терен за отстранување на сегашните сообраќајни знаци и за поставување нови ќе ги спроведе Јавното претпријатие „Македонија пат“.
Новото име на автопатот ќе биде „Пријателство“. Сегашното име „Александар Македонски“ се користи од јули 2008 година, а тоа име беше определено со одлука на претходната Влада.
Од декември 2006 година, пак, исто така со одлука на претходната Влада скопскиот аеродром доби име „Александар Велики“, кое треба да биде замането со Меѓународен аеродром Скопје. Претставници на концесионерот на македонските аеродроми ТАВ неодамна изјавија дека станува збор за политичко прашање и оти ќе ја почитуваат одлуката.
Промената на имињата на автопатот и на аердромот, како што објави премиерот Зоран Заев по средбата во Давос со неговиот грчки колега Алкесис Ципрас е во знак на добра волја и затоплување на односите со Грција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Полицаец во Куманово давајќи отпор при апсење со нож повредил колега
-

Две лица од струшко со пиштол ограбиле обложувалница
-

Симеоне: На чекор сме од уште едно финале
-

Повеќе паркинг - места и нова хуманитарна зона во општина Центар
-

Пожар на депонијата „Краста“ ставен под контрола – проблемот бара системско решение
-

Божиновска: Македонија во нова фаза на енергетската политика – на имплементација, резултати и одговорност
-

Поднесена кривична пријава против полициски службеник за сторено кривично дело „телесна повреда”
-

Условна осуда за тројцата полицајци од Кочани обвинети за неизвршување службена должност
