Џет-Сет
4. December 2015 - 10:36

Таа има три деца со него, а тој ја изневерил со дадилката! - Сега се „скрши“ пред целиот свет

Разводот на Гвен Стефани и Гевин Росдел беше шок за целиот свет, бидејќи се случи само една година откако го добија третиот син. Подоцна се покажа дека Гевин ја изневерил Стефани со дадилката.
 
Иако познатата пејачка набрзо најде нова љубов и започна врска со нејзиниот колега Блејк Шелтон, 13 години брак не можат да се заборават така лесно.
Во рамките на музичкиот натпревар „The Voice“ Стефани со солзи во очите го пееше својот последен хит „Used To Love You“.
 
Публиката падна во транс, а само пејачката знаеше како и е во тие моменти.