Таа има 19, а тој 53 години: Планираат венчавка, а тој не е богат!
Таа верува дела нејзините родители со текот на времето ќе се помират и дека ќе и простат.
19 годишната Михаела Метсон од Небраска го запознала својот вереник, 53 годишниот Вилијам, кој е постар од неа 34 години, преку интернет.
И се допаднала неговата фотографија и после секојдневно допишување, одлучила да прелета скоро две илјади километри како би го видела.
Вилијам живее во Канада, па не било лесно да се оствари средбата.
-Мојот план беше да одам да го видам, но да не и кажам на мајка ми каде сум. Мислев да оставам само порака, но Вилијам инсистираше да им кажам пред заминувањето, раскажува 19 годишната Михаела.
Родите од Михаела барале да ја раскине врската, па и го одземале пасошот за да не оди во Канада.
Исто така ја одвеле кај психолог. И покрај противењето на родителите и психологот, Михаела аплицирала за нов пасош и заминала за Канада.
Михаела и Вилијам сега се верени.
-Кога ме пречека на аеродромот, направи да се чувствувам како дома. Од тогаш ни е прекрасно. Пред неколку месеци ме запроси, а ја не можам да замислам подобар маж за мене, раскажала Михаела.
Таа верува дека нејзините родители со текот на времето ќе се помират и ќе и простат.
-Се трудиме тоа да не не секира. Неколку пати луѓето мислеа дека сум му ќерка, но јас гордо кажувам дека тој е мој вереник. Луѓето потоа се извинуваат, а нас тоа ни е многу смешно, вели Михаела.
Иако ниту нејзините пријатели не разбираат што тие двајца имаат заедничко, Михаела вели дека двајцата обожаваат музика, автомобили и европската кујна.
-На некои луѓе им е тешко да ја разберат врската каде разликата во години е голема, но Вилијам и јас сме многу среќни. Едвај ја чекаме нашата венчавка, кажа Михаела.
Погледнете го видеото:
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак