Таа го уценувала, тој се ценкал за порно снимката, еве како поминала

Дека не треба да им се верува на сите „пријатели“ од Фејсбук се уверило едно момче од Волфсберг во австриска Корушка.
Него неговата виртуелна пријателка го наговорија да се самозадоволува додека комуницирале на Скајп. Лукавата жена потоа се обидела од момчето да изнуди 15.000 евра. Меѓутоа излегло дека и тој не бил толку наивен.
Во неделата попладне ова момче и пишало на својата ФБ пријателка. Четувале некое време, па преминале на Скајп. Разговорот станувал се повозбудлив. Жената во еден момент му побарала да се самозадоволува. Тој ја послушал, а таа топа го снимила. Врската одеднаш се прекинал.
Момчето помислило дека се работи за технички проблем, но набрзо му станало јасно за што се работи. Жената повторно се јавила, но овој пат за да го уценува. Барала од него да плати 15.000 евра за да не ја објави на социјалните мрежи снимката од неговото самозадоволување.
Тој потоа почнал да се ценка со уценувачката и успеал да го спушти откупот за речиси 98 отсто, односно на само 350 евра.
Меѓутоа таа и тие не го добила, туку момчето пријавило во полиција за обид за уцена, па најверијатно наместо евра девојакта ќе добие кривична пријава.
Ново на Сител
-

Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер
-

Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонијa
-

Убиство во Скопје: Ќерка ја пронашла мајка си мртва во семејната куќа
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
