СЗО: Стапката на вакцинација на децата е под нивото пред пандемијата
Глобалните стапки на вакцинација кај децата останаа под нивоата пред пандемијата минатата година, соопштија денеска Светската здравствена организација (СЗО) и Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), што предизвика загриженост кај експертите.
Во 2023 година, 84 проценти од децата на глобално ниво биле целосно вакцинирани против дифтерија, тетанус и пертусис – или голема кашлица, тројна вакцинација која се смета за клучен показател за стапката на вакцинација на децата, пренесе ДПА.
Бројката претставува мало намалување во споредба со нивоата пред пандемијата регистрирани во 2019 година, се вели во извештајот.
Бројот на деца без ниту една доза од тривалентната вакцина се зголеми на 14,5 милиони минатата година, од 12,8 милиони пред почетокот на пандемијата, се вели во извештајот.
За време на пандемијата на Ковид-19, во многу места дојде ди одложувања и прекини во нивните програми за вакцинација.
Во некои земји, бројот на скептици за вакцините се зголеми како последица на пандемијата, изјави експертот на СЗО, Кетрин О’Брајан.
– Овој развој резултира со смрт на деца, нагласи таа.
О’Брајан рече дека скептицизмот за вакцинацијата во побогатите земји влијае и на другите региони, на пример, кога луѓето со миграциско потекло со седиште во Европа шират дезинформации во нивните матични земји.
Експертот на УНИЦЕФ, Ефрем Леманго, истакна дека во земјите со ниски приходи, недостигот на доверба во здравствените установи и ограничениот пристап до вакцини, исто така, го попречуваат напредокот во имунизацијата.
Според СЗО и УНИЦЕФ, вооружените конфликти се уште една пречка, при што повеќе од половина од сите деца без имунизација живеат во земји кои се карактеризираат со нестабилност, насилство и ранливост.
Двете организации, исто така, соопштија дека повеќе од 100 земји биле погодени од епидемии на сипаници во последните пет години.
– Епидемиите на сипаници се предупредување, ги покажуваат и ги користат празнините во имунизацијата и ги погодуваат прво најранливите, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Ново на Сител
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ
-
Јавна расправа: Има ли спас за студентските домови во Македонија?
-
Жители на Батинци: Живееме како во контејнер оти Дрисла пушта канцерогена вода во Маркова Река
-
Хирурзи и специјалисти од приватни болници се враќаат во државното здравство