СЗО следи нов сој на коронавирусот, варијантата Му
Светската здравствена организација (СЗО) ја следи новата варијанта на коронавирусот, наречена „Му”, која првпат беше идентификувана во Колумбија во јануари, објави Светската организацијата доцна синоќа .
Новата варијанта со научно име Б.1.621 досега беше класифицирана како „варијанта што треба да се следи”, наведува СЗО во својот неделен епидемиолошки билтен за еволуцијата на пандемијата на коронавирусот.
СЗО прецизира дека оваа варијанта има мутации што би можеле да укажат на ризик од отпорност на вакцината и нагласи дека се потребни дополнителни студии за да се испитаат карактеристиките на овој сој на коронавирус.
Сите вируси, вклучително и коронавирус (SARS-CoV-2), мутираат со текот на времето. Повеќето мутации имаат мал или никаков ефект врз својствата на вирусот. Меѓутоа, одредени мутации можат да влијаат на карактеристиките на вирусот, како што се полесно ширење, сериозност на симптомите или ефикасност на вакцини, лекови и други алатки за откривање на присуството на вирусот.
Од појавата на коронавирусот и соевите на тој вирус, СЗО одлучи да ги именува варијантите. Во моментов, загрижувачки се четири варијанти на коронавирус, меѓу кои сојот Алфа е присутен во 193 земји и Делта е присутен во 179 земји, додека пет други се под надзор, меѓу кои и Му.
Мутацијата Му првпат беше откриена во Колумбија во јануари, а подоцна и во други земји од Латинска Америка и Европа
Ново на Сител
-
Студентите во блокада со повик за оддавање почит за жртвите во Кочани во - Крагуевац и Нови Сад
-
За случајот со пожарот во дискотеката во Кочани досега приведени се 18, а задржани 16 лица, информира Тошковски
-
Митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион повика и ги замоли сите граѓани да бидат кротки, смирени, трпеливи во овие тешки мигови
-
Завршена обдукцијата на сите починати во пожарот во Кочани
-
Уапсен 34 годишен кумановец, се заканувал на 28 годишна жена со која се познавале од претходно
-
Приведен 46 годишен тетовец, со воздушна пушка ја повредил сопругата на неговиот брат
-
Акција во општина Карпош за проверка на хидрантската мрежа во зградите
-
Пред македонската Амбасада во Белград граѓани оддадоа почит за загинатите во Кочани