Свет
16. October 2020 - 8:47

СЗО скептичнa во врска со ефикасноста на четири лека против Ковид-19

Лековите ремдесевир, хидроксихлорохин, лопинавир и интерферон немаат речиси никакво влијание врз смртноста на пациентите при лекување од, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на студија на Светската здравствена организација (СЗО).

Како што е наведено во студијата, овие лекови не го намалуваат ризикот од смрт од Ковид-19 и не го намалуваат бројот на пациенти на кои им е потребна интензивна нега.

Во студијата се користени податоци од третманот на 11.266 хоспитализирани пациенти.

Четири од најнадежните режими на третман на Ковид-19 се тестирани во меѓународно клиничко испитување Солидарити (Солидарност) на Светската здравствена организација. Меѓу нив е третманот со Ремдесивир, кој руското Министерство за здравство ќе го вклучи во клиничката пракса и препораките за третман на инфекцијата.

Од почетокот на пандемијата, потврдени се речиси 38,4 милиони случаи на Ковид-19 во светот и повеќе од милион смртни случаи, според СЗО.