СЗО се надева на стотици милиони дози вакцина против Ковид-19 до крајот на годината
Светската здравствена организација (СЗО) изрази надеж дека ќе се произведат неколку стотици милиони дози на вакцина против новиот коронавирус до крајот на годината, па дури и две милијарди во текот на 2021 година.
Како што се забрзува трката за вакцините, научниот директор на СЗО, Сумија Сваминатан рече дека повеќе од 200 кандидати за вакцини се анализираат низ целиот свет и се водат десетина клинички испитувања.
– Ако имаме среќа, ќе има еден и двај кандидата пред крајот на годината, изави таа на онлајн прес конференција.
Според неа, приоритет во вакцинацијата треба да бидат оние кои се на „првата линија“ – лекари и полицајци, потоа чувствителни луѓе како што се стари лица и, конечно, луѓе кои се најмногу изложени на инфекција во околината, домови за згрижување стари лица или населби каде што се инфекции лесно се шират.
– Започнуваме од претпоставката дека би можеле да имаме неколку стотици милиони дози вакцини до крајот на оваа година, а тоа е оптимална прогноза, изјави претставникот на СЗО, додавајќи дека се надева дека во 2021 година ќе има две милијарди дози, како и две до три ефикасни вакцини.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри