-->
-->
СЗО: Рекорден број на новозаболени со Ковид-19
-->
Светска здравствена организација (СЗО) соопшти дека вчера се регистрирани 307.930 новозаболени лица со Ковид-19, што е рекорден број за еден ден.
Додека бројот на починати од последици од новиот коронавирус вчера се зголеми за 5.537 лица со што вкупната бројка на смртни случаи во светот се искачи на 917.417.
Најголем пораст на заразени лица и понатаму има во Индија, САД и Бразил.
Во Индија регистрирани се 94.372 новозаболени лица, во САД – 45.523, а во Бразил – 43.718 луѓе.
Здравствените власти во САД и Индија пријавија над илјада починати за еден ден, додека во Бразил од последици од Ковид-19 починале 874 луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Утре почнува второто полугодие – ако децата се болни да не одат на училиште, советуваат педијатрите
-

Заменик министерот за образование Алиу поднесе оставка
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
