СЗО: Приближно 340 лица убиени во источно Алепо во последните неколку недели
Во последните неколку недели приближно 340 лица се убиени во борбите во источниот дел на северниот сириски град Алепо, информира денеска Светската здравствена организација (СЗО), цитирана од британските медиуми.
-Во борбите меѓу владините сили и нивните сојузници, од една страна, и бунтовниците и исламистите, од друга, загинаа 338 лица, меѓу кои 106 деца. Во судирите, исто така, се ранети и 846 лица, вклучувајќи и 261 малолетници, изјави високо позициониран претставник на СЗО.
Тој побара да се прекине со убиствата и нападите врз медицинскиот персонал и болниците, како да се даде можност за евакуирање на ранетите и за доставување хуманитарна помош до населението.
Источен Алепо е контролиран од бунтовниците. Пред една недела владините сили почнаа копнена офанзива за преземање на овој дел од градот.
Ново на Сител
-
Повеќе од 3.000 фалсификувани гитари Gibson запленети во Калифорнија
-
Во Берово утрово најстудено, Крушево најтопло
-
Скопје 4-ти на неславната листа на најзагадени градови во светот
-
Европратениците ќе гласаат за одобрување на новата Европска комисија
-
Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина
-
Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години
-
Германската компанија „Костел“ започнува трета фаза од инвестицискиот циклус
-
Шести обид бугарскиот Парламент да избере претседател