СЗО повика на безбеден пристап до болниците во Газа
Светската здравствена организација (СЗО) повика на безбедносни гаранции за испорака на медицинска помош до клиниките во Газа.
Главниот кризен менаџер на СЗО, Мајк Рајан денеска во Женева изјави дека транспортот на хуманитарна помош на палестинската територија е попречен од завојуваните страни, бидејќи е речиси невозможно да се добијат безбедносни гаранции од нив.
– Ми здодеа да ги слушам сите овие уверувања кои всушност не постојат на терен за луѓето со кои работиме, рече Рајан. Тој, исто така, нагласи дека СЗО не знаела за бази на Хамас во болниците во Газа.
Иако СЗО е во близок контакт со медицинскиот персонал на теренот, она што може да се случува под овие клиники не ѝ е познато на СЗО, призна Рајан.
Доколку болниците во Газа бидат евакуирани на барање на Израел, Израел, како окупаторска сила, ќе мора да го олесни безбедниот транспорт на пациентите до центрите за алтернативен третман во координација со одговорниот здравствен орган, нагласи Рајан.
Во меѓувреме, генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус повика на прекин на огнот и рече дека од одговорот на Израел на нападите на Хамас на 7 октомври, 218 здравствени установи и персонал во палестинските области биле нападнати.
– Ситуацијата во Газа е неопислива. Болници преполни со повредени, мртовечници преполни, лекари кои вршат операција без анестезија, илјадници луѓе кои бараат засолниште од бомбардирањето, семејства во преполни училишта, очајни за храна и вода, преполни тоалети и ризик од ширење на епидемии на болести. И насекаде страв, смрт, уништување, загуба, рече Гебрејесус.
Ново на Сител
-
Топлотен бран во земјава - да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето
-
Меморандум за разбирање со „Казанџи Холдингс АС“ за ивестиција, вредна милијарда евра
-
Сончево и многу топло, до 42 степени
-
На граничниот премин Табановце се чека од 15 до 30 минути
-
Роналдо бара засилување од клубот
-
Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под целосна контрола
-
Активни седум пожари, четири се под контрола, а пет се изгаснати
-
Анализи: Супербактериите би можеле да убијат милиони луѓе до 2050 година