СЗО: Повеќето од загинатите и повредените во земјотресот во Авганистан се жени и деца
Жените и децата сочинуваат две третини од жртвите од најновите земјотреси во Авганистан, кои се примени во болница со сериозни повреди, соопшти шефот за итни интервенции на Светската здравствена организација (СЗО) во земјата.
Талибанците соопштија дека најмалку 2. 400 луѓе загинале, а повеќе од 2.000 се повредени во земјотресите од саботата, кои се сметаат за меѓу најсмртоносните во светот оваа година по земјотресите во Турција и Сирија во кои загинаа околу 50. 000 луѓе.
– Земјотресот се случи околу 11:00 часот кога мажите беа надвор од своите домови, така што повеќето од загинатите и повредените се жени и деца кои во тоа време беа во нивните домови, изјави Ала Абу Зеид од СЗО во видео-интервју за Ројтерс.
Тој предупреди дека финансирањето на хуманитарните операции останува критично, а глобалното внимание и финансирање се пренасочени од Авганистан.
Тоа би можело да се припише на конкурентните или претстојните кризи ширум светот, како што се Блискиот Исток и Украина, и поради ограничувањата на талибанците за жените, велат дипломатите и претставниците на хуманитарните организации.
Хуманитарната канцеларија на ОН најави помош во износ од пет милиони долари за одговор на земјотресот, а непосредна материјална помош пристигна од ограничен број земји.
Ново на Сител
-

Во февруари најмногу странски туристи од Турција, Грција, Србија и Германија
-

Собранието до 20 јули ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта и нафтени деривати
-

21-годишник објавил слики и видеа од возилата АРМ, кривична за нарушување воена безбедност и тајност
-

Напаѓачот што уби девет луѓе во југоисточна Турција дејствувал сам
-

Во Сараево евакуирани два трговски центра поради дојава за поставени бомби
-

МВР демантира: Има доволно обрасци за возачки дозволи за наредните три години
-

Чеферин во Скопје: УЕФА со силна поддршка за македонскиот фудбал
-

Лековите за Алцхајмерова болест „не прават никаква значајна разлика за пациентите“, според научници
