-->
-->
СЗО: Поголемиот дел од залихите на медицинска опрема се потрошени во Газа, а основните лекови се во недостиг
-->
Поголемиот дел од залихите на медицинска опрема се потрошени во Газа, додека 42 отсто од основните лекови, вклучувајќи ги и лековите против болки, се распродадени, соопшти денеска Светската здравствена организација.
– Моментално немаме залихи за приближно 64 проценти од медицинската опрема, 43 проценти од основните лекови и 42 проценти од вакцините – изјави Ханан Балки, регионален директор на Светската здравствена организација за Источен Медитеран. Балки додаде дека СЗО има 51 камион со помош што чекаат на границата со Газа и се уште не добиле дозвола за влез во палестинската енклава, каде што Израел минатата недела ја ублажи целосната блокада на помошта воведена во почетокот на март.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара