СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени со коронавирус секаде, освен во Европа
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на смртни случаи од коронавирус во Европа се зголемил за 10 отсто во изминатата недела, што ја прави единствениот регион во светот каде Ковид-19 и смртните случаи се во постојан пораст, јави Анадолија.
Во неделниот извештај за пандемијата, здравствената агенција на ООН соопшти дека има околу 3,1 милиони нови случаи ширум светот, што претставува зголемување од околу еден процент во однос на претходната недела. Речиси две третини од заразените со коронавирус – 1,9 милиони – беа во Европа, каде случаите се зголемија за седум проценти.
Бројот на неделни смртни случаи од Ковид-19 опадна за околу четири отсто ширум светот и се намали во сите региони освен во Европа.
Од 61 земја што ги вклучува СЗО во нејзиниот европски регион, кој ја вклучува Русија и се протега до Централна Азија, 42 отсто пријавиле зголемување на случаите од најмалку 10 отсто во изминатата недела.
Во САД бројот на нови неделни случаи е намален за пет отсто, а смртните случаи за 14, а најголем број пријавени случаи се од САД.
Во Југоисточна Азија и Африка, бројот на смртни случаи од Ковид-19 е намален за околу една третина, и покрај недостигот на вакцини во тие региони.
Директорот на СЗО за Европа, др. Ханс Клуге минатата недела рече дека Европа „се вратила во епицентарот на пандемијата“.
Ново на Сител
-

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид
-

Блокадата над населбата Баир во Битола заврши, се расчистуваат поставените препреки
-

Илјада згради во Киев и натаму се без греење, изјави Зеленски
-

Мерка притвор за 33 осомничени за трговија со токсичен отпад во Драч, 20 уапсени, по 13 се трага
-

Во Абу Даби заврши првиот ден од втората рунда преговори за прекин на војната во Украина
-

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД
-

Објавен документ напишан од Гоце Делчев, шифрирана азбука со која контактирал со четите
-

Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хируршки интервенции - ја унапредуваме транспарентноста во јавното здравство, вели Алиу
