СЗО одлучува за продолжување на вонредната состојба во јавното здравство
Светската здравствена организација (СЗО), со помош на независен комитет од експерти, денеска ќе одлучува дали да ја продолжи глобалната вонредна состојба во јавното здравство, јави ДПА.
Сегашната „вонредна состојба за јавно здравје од меѓународен интерес“ е во сила речиси две години поради пандемијата на коронавирус. Тоа е највисокото ниво на тревога што може да го наметне СЗО.
Комитетот планира да даде препорака до вечер – а СЗО обично го следи неговиот совет.
Без разлика дали комисијата ќе препорача да се прогласи вонредната состојба заради коронавирусот за завршена или не, ќе има неколку практични последици. Сепак, многу експерти се загрижени дека прогласувањето крај на вонредната состојба може да испрати погрешен сигнал.
– Овој вирус е на добар пат да стане ендемичен, но сè уште не сме таму, изјави доцна синоќа експертката за коронавирус при СЗО, Марија ван Керхове.
Во рамките на Европската унија, шпанскиот премиер Педро Санчез веќе сугерираше дека Ковид-19 наскоро може да се третира како грип.
Но, Ван Керхове се спротивстави на таа идеја. – Немаме иста предвидливост како што ја имаме со грипот каде што имаме типичен сезонски модел, потенцираше таа.
СЗО постојано беше обвинувана дека не прогласила вонредна состојба доволно брзо откако се дозна за првите случаи на Ковид-19 во Кина. Кога СЗО прогласи глобална вонредна состојба на 30 јануари 2020 година, веќе беа евидентирани околу 100 инфекции во 21 држава.
Оттогаш, ширум светот се пријавени повеќе од 308 милиони инфекции и речиси 5,5 милиони смртни случаи.
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски на средба со градоначалникот Зоран Јанковиќ: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје
-
Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
-
МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
-
Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево
-
На Табановце се чека околу 30 минути
-
Унгарија ја тужи ЕУ за користење на каматата од замрзнатите руски средства за помош на Украина
-
Еден починат и тројца повредени во сообраќајка кај Градско
-
Трамп сака да го ограничи времетраењето на визите за странски новинари и студенти