Loading Video...
Свет
9. јуни 2023 - 20:03

СЗО: Нема потврден случај на колера, но има патоген агенс во поплавениот регион Херсон

СЗО предупредува на опасност од колера во поплавените делови на Украина, по уривањето на браната Каховка во вторникот. 

„Нема потврден случај на колера, но примероците земени од регионот Херсон покажуваат дека е присутен патогениот агенс, што значи дека постои ризик. Санитарниот надзор е зајакнат“, соопшти СЗО. 

Според официјални податоци, од двете страни на реката Днепар се евакуирани повеќе од 6.000 луѓе од поплавените места. Укрианските власти соопштија дека 13 лица се водат како исчезнати, а руските спасувачи пријавија дека трагаат по две лица  во делот кој е под руска контрола. 

Би-би-си објави дека научниците од Носар, норвешка сеизмолошка организација пронашле докази за експлозија во областа на браната кога водата почнала да се излева. По анализата на сеизмичките сигнали снимени во Буковина, Романија, 620 километри оддалечена од браната Каховка,  тие откриле дека експлозијата се случила во 2:54 минути во вторникот, потенцирајки дека само многу количина експлозив можела да произведе сигнал детектиран толку далеку. 

Претхнодно, украинската разузнавaчка служба објави дека поседува телефонски разговор со кој се докажува оти руска диверзантска група ја разнела браната. Таквите информации, сепак не се независно потврдени.  

Москва негира дека е виновна и го обвинува  Киев за уништување на браната.