Loading Video...
Свет
9. March 2021 - 16:29

СЗО не подржува ковид пасоши

Русија бара јавно извинување од Европската агенција за лекови. Причината е изјавата на претседателката на ЕМА која итното одобрување на антиковид вакцината Спутник V во две земји на ЕУ го спореди со руски рулет. Ваквите коментари покренуваат сериозни прашања во врска со можно политичко мешање во процесот на експертиза. Европскиот регулатор не даде такви коментари за ниту една друга вакцини реагираат креаторите на руската вакцина. ЕMA се уште тактизира околу одобрувањето на Спутник V за европскиот пазар. Досега Руската вакцина е одобрена во 46 земји. 

СЗО е против ковид пасош да се користи за меѓународни патувања. Антиковид вакцините не се подеднакво достапни за сите држави во светот, а и не сите луѓе може да се вакцинираат поради одредени причини. Затоа организацијата не поддржува ковид пасош, познат и како сертифакт за примена вакцина како услов за патување изјави шефот на Одделот за итни случаи на СЗО, Мајкл Рајан. 

Европскиот парламент му го укина имунитетот на екс каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон обвинет во Шпанија за поттикнување бунт. Пуџдемон живее во Белгија од 2017 година каде избега откако рефендумот за независност на Каталонија што тој го организираше беше прогласен за незаконски од шпаскиот суд. Тогаш белскиот суд одби да го екстрадира, а во 2019 Пуџдемон осови место во ЕП. Без имунитет остнаа уште двајца европарламентарци на каталонските сепаратисти.