СЗО: На светот му требаат повеќе вакцини од ветените дози на самитот на Г7
Првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО) ги поздрави најавите од самитот на Групата седум најразвиени индустриски земји (Г7) за обезбедување вакцини против коронавирусот, но истакна дека на светот му требаат многу повеќе вакцини и дека тие треба побрзо да пристигнат.
-Им кажав на лидерите на Г7 дека нашиот предизвик е – за навистина да може да се запре пандемијата до следниот самит на Г7 следната година во Германија мора да вакцинираме најмалку 70 проценти од светската популација, изјави директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејсус пред новинарите на самитот во југозападна Англија.
„За да го постигнеме тоа, потребни ни се 11 милијарди дози“, кажа Тедорс, додавајќи дека е потребно земјите привремено да се откажат од заштитата на интелектуалната сопственост за вакцината против коронавирисот.
Домаќинот на самитот Г7, британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека групата најразвиени земји ќе обезбедат најмалку милијарда дози вакцини, а во текот на следната година половина од ветеното количество ќе дојде од САД и 100 милиони од Велика Британија.
Тедрос повтори дека неговата цел е до крајот на 2021 година да се вакцинираат 30 отсто од населението на секоја земја. За да се постигне таа цел, додаде тој, потребно е да се обезбедат 100 милиони дози во јуни и уште 250 милиони до септември.
Ново на Сител
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата
-
Обид за убиство на политичар во северно Косово, од партијата велат дека се вмешани Белград и Радоичиќ
-
Единаесетти парламентарни избори, се кандидирале 1002 мажи и 753 жени
-
Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела