СЗО: Моментно не се препорачува комбинирање на вакцини против Ковид-19
Светската здравствена организација (СЗО) денеска повторно соопшти дека поради недостигот на „соодветни податоци“, не можат да се дадат препораки во врска со комбинацијата на различни вакцини против коронавирусот, што Франција го планира при ревакцинацијата на лицата помлади од 55 години кои ја примиле првата доза на Астра Зенека.
Нема соодветни податоци врз основа на кои би можело да се каже „дали може тоа да се направи“, па затоа експертите на СЗО заклучија дека „не може да се препора комбинирање на вакцини во овој момент“, истакна портпаролката на СЗО, Маргарет Херис на редовниот брифинг со новинарите во Женева.
Таа нагласи дека таквиот став го усвоила Стратешката експертска советодавна група за имунизација (САГЕ) во февруари за време на објавувањето на препораките за вакцината на Астра Зенека и пред информациите за евентуална поврзаност на тој препарат со многу ретки несакани ефекти што беа регистрирани.
– Научниците тогаш побараа да се испита можноста за комбинирање на вакцини против Ковид-19, изјави Херис.
Француските власти неодамна донесоа одлука луѓето на возраст под 55 години, кои ја примиле првата доза на Астра Зенека, да бидат ревакцинирани со Фајзер или Модерна, врз основа на mRNK.
Одлуката се однесува на околу 533.000 луѓе во Франција, каде вакцинацијата со Астра Зенека за помлади од 55 години беше прекината на 19 март поради појава на ретка тромбоза во Европа, како несакан ефект од употребата на тој препарат.
Европската агенција за лекови (ЕМА) во средата објави дека индивидуалните случаи на згрутчување на крвта по имунизација со вакцината на Астра Зенека се „ретки несакани ефекти“ на вакцината и не можат да бидат поврзани со возраста, полот или историјата на болести.
Ставот на ЕМА е дека придобивките од вакцината се поголеми од ризиците.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп