СЗО: Летните забави и концерти би можеле да резултираат со ширење на мајмунските сипаници
Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на можно ширење на мајмунските сипаници на фестивалите и другите поголеми собири планирани ова лето низ Европа.
„Потенцијалот за натамошно ширење на вирусот во Европа и на други места ова лето е голем”, изјави Ханс Анри Клуге, регионалниот директор на СЗО за Европа.
Сепак, Клуге смета дека фестивалите и другите настани планирани за следните неколку месеци би можеле да бидат можност за „покревање на свеста и зајакнување на заштитата на поединците и заедницата” кај младите луѓе кои се сексуално активни и глобално мобилни.
Клуге тврди дека досегашните истраги укажуваат на тоа дека епидемијата во Европа трае од средината на април. Гледано нумерички и географски, тоа е најголемото ширење на вирусот надвор од областите на Западна и Централна Африка каде што мајмунските сипаници се ендемски.
Клуге верува дека брзото ширење на мајмунските сипаници во Европа последните неколку месеци е помогнато со укинувањето на ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирусот. Иако поголемиот број претходни инфекции се поврзуваат со сексуална активност, Клуге нагласува дека секој може да биде заразен со вирусот.
„Бидејќи вирусот не се шири на ист начин како Ковид-19, немаше потреба од воведување мерки за заштита на јавното здравје како што беше случај за време на пандемијата на коронавирусот”, рече Клуге.
Ново на Сител
-
Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност
-
Претрес во Охрид, пронајдена дрога
-
Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста
-
Баерн го израмни рекордот на Барселона за непобедлива серија на домашен терен во ЛШ
-
Повеќе од 3.000 фалсификувани гитари Gibson запленети во Калифорнија
-
Во Берово утрово најстудено, Крушево најтопло
-
Скопје 4-ти на неславната листа на најзагадени градови во светот
-
Европратениците ќе гласаат за одобрување на новата Европска комисија