СЗО ја поддржа употребата на вакцина адаптирана на сојот Омикрон
Советничката група на Светска здравствена организација (СЗО) денеска ја поддржа употребата на вакцина адаптирана на сојот Омикрон како дополнителна доза.
– Специјална вакцина против коронавирус, адаптирана за сојот Омикрон, може да се користи како засилувачка доза за зајакнување на имунитетот, соопшти денеска во Светската здравствена организација (СЗО).
Таквата вакцина, според достапните податоци, може да им користи на оние кои веќе се целосно вакцинирани против Ковид-19.
Производителите на вакцини како Модерна и Фајзер развиваат потенцијална дополнителна доза од новата генерација, која ќе го таргетира не само оригиналниот сој, туку и сојот Омикрон.
Модерна минатата недела соопшти дека новата верзија на нејзината вакцина покажала подобар имунолошки одговор против омикрон од оригиналната верзија. Европската медицинска агенција неделава почна со тестирање на вакцините на Модерна и на Фајзер адаптирани на сојот Омикрон.
Вакцините ќе можат да се употребуваат откако ќе биде одобрена нивната примена во итни случаи или кога ќе ја одобрат надлежните регулаторни тела.
Ново на Сител
-
ИОК со реакција за забраната на Трамп за трансродови лица во спортот
-
Средба на Управниот одбор на ЗЕЛС со министерката за финансии
-
Македонските кошаркарки убедливо поразени во Белград
-
Приведен 50-годишен маж од Тетово поради кражба
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на Владата
-
Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче, се очекува да сведочи Гоце Трајковски
-
Авион со 10 луѓе исчезна на Алјаска, потрагата е во тек
-
МВР: Дојавите за бомби во училиштата се лажни