СЗО ја одобри вакцината на Модерна за итна употреба
Светската здравствена организација (СЗО) ја одобри вакцината против Ковид-19 на компанијата Модерна за итна употреба.
Тоа е петта вакцина одобрена од СЗО, со што ќе се забрза одобрувањето за употреба на овој препарат и од страна на националните агенции задолжени за контрола на лекови.
Во извештајот на СЗО се наведува дека целта е лековите, вакцините и дијагностичките средства да бидат подостапни во што пократок рок.
Марињела Симао, асистентка на генералниот директор на СЗО, изјави дека е многу значајно да се имаат на располагање поголем број одобрени вакцини против коронавирусот, со што ќе се надминат доцнењата во испораките до корисниците.
СЗО се уште размислува дали да ги одобри и кинеските вакцини Синофарм и Синовак, а одлуката е најавена до крајот на следната недела.
Ново на Сител
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
