СЗО издаде привремени препораки за мешање на вакцините против Ковид-19
– Светската здравствена организација (СЗО) синоќа издаде привремени препораки за употреба на вакцините против Ковид-19 од различни производители како втора или засилувачка доза.
Во зависност од достапноста, вакцините со mRNA, како што се оние на Фајзер и Модерна, може да се користат како дополнителна доза по почетната доза на векторската вакцина АстраЗенека и обратно, соопшти оваа глобално здравствено тело.
АстраЗенека и која било од mRNA вакцините може да се користат и по првичната доза на инактивираната вакцина на Синофарм, соопшти СЗО.
Вакцините со вирусен вектор содржат инструкции за генерирање на антигени на коронавирусот, додека вакцините со mRNA користат код од SARS-CoV-2, коронавирусот што предизвикува Ковид-19, за да предизвика имунолошки одговор кај примателот.
Вирусот САРС-КоВ-2 се користи за инактивираните вакцини, што се умртвуваат или убиваат со хемикалии, топлина или зрачење.
Ново на Сител
-

Пензионерите бараат линеарното зголемување да стане законско - трошоците за живот растат исто за сите
-

Со пари од ИБРД и КФВ до енергетско ефикасни студентски домови
-

Преглед на вестите од светот
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

Мицкоски: Врховниот суд нанесува срам на правдата во Македонија, тоа се остатоците на СДС и ДУИ
-

Недоволната едукација предизвик во современото пчеларство
-

Карбинци подготвува нови зони за индустрија и домување
-

Преглед на вестите од светот
