СЗО: Евидентирани 348 случаи на хепатитис со непознато потекло во 20 земји
– Евидентирани се 348 случаи на хепатитис со непознато потекло, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Се разгледува хипотезата дека аденовирус е причината за оваа мистериозна болест, што главно ги напаѓа децата, а се поврзува и со Ковид-19, јавија странски медиуми.
Според СЗО, случаи на хепатитис со непознато потекло забележани се во 20 земји. Има уште 70 сомнителни случаи, во 13 земји, чии резултати од тестови се чекаат.
Во шест земји има над пет случаи, а само во Велика Британија пријавени се 160 пациенти.
Филипа Истербрук, од програмата на СЗО за сузбивање хепатитис, тврди дека има значаен напредок во истражувањата.
Како што појасни Истербрук, главните хипотези околу тоа што ја предизвикува болеста, го вклучуваат аденовирусот, земајќи ја во обѕир важната улога на Ковид-19, како здружени инфекции или како претходно прележани инфекции.
Аденовирусите обично се шират низ капки и преку заразени површини.
Околу 18 отсто од пациентите со овој хепатитис од непознато потекло, биле позитивни на Ковид-19, покажаа резултатите од тестовите.
Ново на Сител
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод
-

Мицкоски: Можеме да прифатиме и гласање преку пошта, наша цел е да обезбедиме побројно гласање на дијаспората
-

Ангелов: Изби пожар во борова шума над филтер станицата во Штип, на терен интервенираат пожарникари и доброволци
-

Мицкоски: Со трговците ќе разговараме директно, без естрада, за зголемените маржи
-

Нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања - првпат извршена во Македонија
-

Кривична против 74-годишен маж кој нападна 10-годишно девојче во Центар
-

Приведен скопјанец по кражба на паричник од 72-годишна жена
-

Лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести
