СЗО евакуира 41 дете и 145 придружници од Појасот Газа

Светската здравствена организација (СЗО), за првпат откако пред две недели стапи на сила прекинот на огнот во Појасот Газа, пренесе тешко болни и повредени деца на безбедно место, јавува ДПА.
Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, објави на платформата X дека 41 дете, заедно со 145 придружници, се изнесени од Газа.
Сите пациенти се деца, рече портпаролот на СЗО, а поради „оперативни проблеми“, сè уште не може да се открие во кои земји ќе бидат лекувани младите пациенти, пренесе германската агенција.
„Околу 15.000 пациенти сè уште чекаат одобрение за добивање медицинска нега надвор од Газа“, напиша Тедрос на X.
„Продолжуваме да ги повикуваме земјите да ја покажат својата солидарност и да се отворат сите патишта за да се забрза медицинската евакуација.“
За ваквите медицински транспорти се потребни дозволи од израелските власти, кои го контролираат пристапот до Појасот Газа.
Прекинот на огнот во Газа стапи на сила на 10 октомври, иако оттогаш периодично се пријавуваат прекршувања од двете страни, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
