Свет
14. January 2016 - 8:54

СЗО денеска ќе објави крај на епидемијата на ебола

Светската здравствена организација (СЗО) најави дека денеска ќе го објави завршувањето на епидемијата на еболата, со што Либерија и официјално ќе биде прогласена за „исчистена од вирусот“. 

Објавата на крајот на епидемијата следи 42 дена по последниот нагтивен сомнитечен случај на ебола во Либерија, се наведува во соопштението на здравставната агенцијата на ОН.

Претходно, и двете други африкански земји погодени од болеста, Гвинеја и Сиера Леоне, беа прогласени за „чисти“ од вирусот.

Објавувањето на крајот на епидемијата првично беше планирано за утре, но засега не е обелоденета причината за промената.