-->
-->
СЗО: 90 отсто намалување на заразувањето и смртноста од Ковид-19 во светот
-->
Заразувањето и смртноста од Ковид-19 во светот се намалени за повеќе од 90 отсто во однос на овогодинешниот врв. Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус на брифинг во Женева рече дека трендот е добра вест, но дека бројот на смртни случаи во последната недела (8737) не може да се смета за „прифатлив“, со оглед на тоа дека светската заедница веќе има алатки за контрола на пандемијата.
– Овој тренд е многу добар. Сепак, минатата недела СЗО доби информации за повеќе од три милиони случаи“, рече тој, истакнувајќи дека поради ослабениот епидемиолошки надзор и тестирање во некои земји не се пријавени сите случаи и всушност ги има повеќе. Освен тоа, минатата недела беа пријавени и 8.737 смртни случаи во светот. -Не може да има прифатливо ниво на смртност од Ковид-19, имајќи предвид дека се достапни средства за спречување, откривање и лекување на болеста, рече Тедрос.
Според првиот човек на СЗО, потребен е „подобар механизам за споделување лиценци“ за лекарства во итни случаи. Во врска со ова, тој се надева дека на 12-та министерска конференција на Светската трговска организација во Женева ќе биде донесена одлука за суспендирање на правата на интелектуална сопственост за вакцините, дијагностиката и лековите за да може да се произведуваат пошироко низ светот.
Заклучно со 13 јуни, во светот се регистрирани 532.887.531 случаи на болеста и 6.307.021 смртни случаи од почетокот на пандемијата на коронавирус.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено