СВР Тетово со детали за уништениот рекламен материјал на АА во Тетово
Тетовската полиција рано утринава добила пријава дека се извршува оштетување на рекламен материјал на политичка партија на билборди на булеварите „Видое Смилевски-Бато“ и „Маршал Тито“, а при проверката се легитимирани две лица. Неколку онлајн медиуми информираа дека меѓу легитимираните бил и 56 годишник претседател на друга партија.
-Денеска во 01.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека е извршено оштетување на изборен рекламен материјал на политичка партија на неколку различни локации, од неколку лица кои се движеле со две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки. Возилата биле сопрени од полициски службеници на СВР Тетово и било утврдено дека возилото „ауди“ го управувал М.Т.(56) од Тетово, а возилото „голф “ го управувал Џ.К.(34) од Tетовско. Во возилата биле уште две лица, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Сега полицијата во координација со Јавен обвинител презема мерки за целосно расчистување на случајот
Ново на Сител
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро