СВР Тетово испитува физичка пресметка помеѓу полицајци и цивилно лице
Тетовската полиција информира дека ќе бидат преземени соодветни мерки и активности за расчистување на инцидент за кој има видео снимка на социјалните мрежи на која се гледа физичка пресметка помеѓу полицајци и цивилно лице. Инцидентот се случил вчера околу 17 часот на градскиот плоштад во Тетово.
-Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека ќе бидат преземени сите соодветни мерки и активности за целосно расчистување на случајот. Притоа, во координација со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за полициските службеници кои биле инволвирани во настанот е покренета дисциплинска постапка, информираат од СВР Тетово.
Од таму посочуваат дека и Одделот за внатрешна контрола при МВР ќе преземе соодветни мерки во врска со пропустите и пречекорувањата во врска со настанот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со историчарот Митко Панов
-
Соработка помеѓу Државниот завод за статистика и УГД - Штип
-
ММФ прогнозира раст од 2,2% за Македонија
-
Остри реакции на помилувањата од претседателката
-
Мицкоски за 23. Октомври побара национална стратегија со МАНУ
-
Наградата 23. Октомври врачена на поетот Славе Димоски
-
Ќе се евидентира целиот имот на државата
-
Од утре вакцинација против грип кај здравствените работници на работно место