СВР Тетово го расчисти случајот во кој беа нападнати двајца малолетници
Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти случајот во кој во текот на вчерашниот ден (03.09.2025) во Тетово беа физички нападнати двајца малолетници. На 03.09.2025 во 22:30 часот на улица „Прилепска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Н.Ќ.(20) од Тетово, на 04.09.2025 година во 12:10 часот на улица ,,Илинденска" го лишија од слобода Д.Д.(23) од с.Радиовце, а исто така, извршен е службен разговор со 16 малолетници. Тие се сомничат дека околу 18:00 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово во група, физички нападнале 17-годишник и 15-годишник, двајцата од с.Доброште, општина Теарце, кои излегувале од средно училиште, соопшти МВР.
Имено, според пријавеното од нивните родители Ќ.Е.(50) и Х.И.(43) од село Доброште, нивните синови биле со уште еден малолетник, кој успеал да избега, а членовите на групата биле навивачи на тетовски фудбалски клуб. По нападот, двајцата малолетници биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. По документирање на случајот, во содејство со јавен обвинител, против напаѓаачите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-
Почесна артилериска стрелба утре по повод Денот на независноста
-
Мицкоски: Ја стабилизираме економијата, трговската размена во пораст
-
Две лица приведени при обид да ограбат маркет во Чаир, по едно лице се трага
-
Вучиќ тврди дека се подготвуваат за 19 септември демонстрации против Канцеларијата за Косово и Метохија
-
Кај Дебар спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија
-
Средба на министерот Муцунски со генерална директорка на Светската трговска организација
-
Приведен жител на неготинско Криволак, пријавен дека нападнал малолетник
-
Меси: Што и да биде и што носи иднината – само Бог знае