СВР-Скопје: Вонредни настани во текот на викендот

По повод денот на независноста на Република Македонија „8-ми Септември“ во организација на мотоциклистичката федерација на Македонија денеска, како и во текот на наредниот викенд ќе се одржи традиционалното 25. меѓународно Мото рели на кое ќе учествуваат поголем број мотоциклисти од земјава и други европски држави.
Стартот на релито е во 10:00 часот од плоштад Македонија, а ќе се движат во продолжение по ул. „11 Октомври“ лево бул. „Кочо Рацин“, десно по бул. „Гоце Делчев“, по бул. „Александар Македонски“ излез од Скопје – према Куманово.
Учесниците во релито, соопшти денеска СВР-Скопје, в недела ќе пристигнат на влезот на Скопје кај Мост Сарај и ќе се движат по ул. „Ѓорче Петров„ бул. „Партизнаски одреди“, ул. „Никола Парапунов“, бул. „Илинден“, бул. „Гоце Делчев“, ул. „Филип Фтори Македонски“, ул. „Васил Аџилатски“ и ул. „11 Октомври“ околу 15:30 мин ќе пристигнат на плоштад Македонија.
Во сабота со почеток во 17:30 во спортскиот центар Јане Сандански во рамки на Лигата на шампионите ќе се одигра маѓународен ракометен натпревар меѓу ЖРК Вардар и Лаевик од Норвешка.
Со почеток во 20.00 часот на Националната арена „Филип Втори Македонски“, групата Сами Јусуф од Лондон ќе одржи концерт.
Од денеска, како и во текот на викендот со почеток во 19:00 часот на Скопското Кале ќе се одржи фестивалот на пивото „Пиволенд“. Од СВР - Скопје посочуваат дека се очекува присуство на поголем број граѓани, од овие причини, а со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување. По потреба физичка регулација и пренасочување на сообраќајот, особено ќе се следи состојбата на сообраќајот на ул. „Самоилова“ и ќе се преземаат соодветни мерки.
Од СВР - Скопје апелираат до сите граѓани кои имаат намера да дојдат на фестивалот на пивото „Пиволенд“ со сопствени возила, да ги паркираат на паркинг просторите во централното градско подрачје или на паркинг просторот на ул.Лазар Личеноски” под тврдината Кале.
Ново на Сител
-

Трамп ги предупреди Кина и Русија да не се мешаат во војната во Иран
-

Маск: Вештачката интелигенција за пет години ќе ја надмине човечката
-

Клековски на средба со претставници на матични лекари и на „Мој Темин“: Заедно за побрзи и поефикасни термини
-

Трамп и Зеленски ќе се сретнат во вторник во Вашингтон
-

АХВ: Ја разбираме загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги отфрламе тврдењата дека не реагираме навремено во однос на сипаниците кај малите преживари
-

На Пелистер падна снег
-

Ѓорѓиевски: За брзo врeмe ќe бидe oткриeн причинителoт за влевање на непознатата материја oд Лeпeнeц вo Вардaр
-

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден
