СВР Скопје расчисти кривични дела „убиство“ и „убиство во обид“, кои се случија месецов, поднесени пријави против три лица
Единицата за насилен криминал - Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Н.(32) и М.Џ.(24) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство" по член 123 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали" по член 396 од Кривичниот законик.
Како што информира МВР, по преземени мерки и активности во координација со јавен обвинител, утврдено е дека на 01.07.2024 во с.Батинци, скопско, пријавените со автоматски пушки пукале кон возилото „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв, при што на местото починал А.Б.И., а З.И. се здоби со повреди и беше пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар Скопје.
Единицата за насилен криминал - Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, исто така, поднесе кривична пријава и против В.И.(26) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
По преземени мерки било констатирано дека на 17.07.2024 на подрачјето на чаир во Скопје, тој со пиштол пукал кон Д.Б.(31) и му нанел тешки телесни повреди.
Ново на Сител
-
Состојба на патишта
-
Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари
-
Станав популарен на стари години | Трајче Толевски | ПРОфесија | Sitel Podcast 107
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
-
Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-
Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт
-
Лихвари од Скопје за 30.000 евра изнудиле 300.000 евра од кумановец