Македонија
3. February 2021 - 21:26

СВР Куманово приведе шест мигранти, кај едниот од нив пронајден пиштол

Кумановската полиција приведе шест мигранти, меѓу нив и лице од Пакистан, кај кого пронашла пиштол со неколку куршуми, соопшти денеска СВР Куманово.

– Денеска во 18:30 часот во село Ваксинце по претходно добиени оперативни сознанија од страна на Одделот за криминалистичка полиција Куманово биле приведени шест мигранти од Пакистан. По извршената контрола кај лицето М.Р.(33) од Пакистан бил пронајден еден пиштол со неколку куршуми-известија од кумановската полиција.

Од СВР Куманово информираат дека сите лица се приведени за понатамошна постапка.