Свлечиштето во Булачани ќе се санира денеска
Свлечиштето во село Булачани, кое настана како резултат на невремето што го зафати скопскиот регион, според проценките, се очекува да се санира попладне.
На терен работи механизација, како и припадници на полицијата и војската.
Министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска го информираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој беше во обиколка на теренот, дека во Булачани, Црешево и Смилковци се распоредени и работат околу 300 припадници на МВР и оти во текот на утрешниот ден половина од нив ќе може да се дислоцираат во другите населени места каде што е потребно, како што се Инџиково, Економија и Сингелиќ.
Жителите на Булачани побараа да се зголемат цистерните со вода или набавката со флаширана вода, а исто така и да се обезбедат комбиња со кои ќе може да се превезуваат до своите работни места.
Во ова населено место во тек се и активностите за решавање на проблемот со струјата која ја нема во дел од домовите во селото.
Ново на Сител
-
Следните два дена сончево, во вторник и среда дожд и грмежи
-
Николоски во Будимпешта ги презентираше капиталните инфраструктурни проекти пред министрите за транспорт на земјите од ЕУ
-
Одбележани 80 години од загинувањето на 17 тетовски партизани во мавровското село Беличица и стрелањето на двајца во Тетово
-
Израелски претставник пред Советот за безбедност на ОН: Израел ќе се брани
-
Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во руски ракетен напад во Криви Рих
-
Промовирана мобилна апликација за зајакнување на полицијата во постапување на случаи на родово базирано и семејно насилство
-
Нормализиран сообраќајот на патот Штип-Кочани
-
Пронајдена дрога при претрес во Прилеп, приведено едно лице