Свинска глава како предупредување за раководството на Сампдорија
Раководството на италијанскиот фудбалски прволигаш Сампдорија доби застрашувачко предупредување од непознати луѓе во саботата кога отсечена свинска глава беше испратена во седиштето на клубот, кој сезонава се бори за опстанок во Серија А.
Пратката во стилот на култниот филм „Кум“ е доставена во картонска кутија заедно со порака упатена до поранешниот претседател на клубот Масимо Фереро и актуелниот потпретседател Антонио Ромеи во која пишува „следните глави ќе бидат вашите“, изјави портпаролот на клубот од Џенова.
Сампдорија преку соопштение изрази „голема огорченост и гнев пред уште еден сериозен чин на застрашување“.
Минатиот месец во канцелариите на Сампдорија беше испратен празен куршум, проследен со закани кон Фереро и Едоардо Гаронеа, поранешниот сопственик на клубот.
Фереро (71), кој сè уште ја има контролата врз Сампдорија преку семеен холдинг, поднесе оставка, откако беше уапсен во 2021 година под финансиски обвиненија кои не се поврзани со фудбалот.
Сампдорија се наоѓа на претпоследното место на табелата во Серија А со 11 бодови од 23 натпревари во време кога на клубот очајно му се потребни финансии.
Ново на Сител
-

До крајот на неделата претпладне сончево, попладне дожд и засилен ветер
-

Шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром
-

Најмалку петмина повредени откако трамвај излета од шини и удри во зграда во Белград
-

Љутков од Рим: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото
-

Вучиќ: Моја оставка, па избори
-

Г. Климент: Наша должност и обврска е заветот на браќата Кирил и Методиј да го посведочиме и предадеме на младите поколенија
-

Трамп: Поморската блокада во Ормуска Теснина останува до потпишување договор
-

Над 900 сомнителни случаи на ебола регистрирани во ДР Конго
