Свет
30. November 2017 - 13:42

Свилановиќ: На 1.000 лица од Западен Балкан заминале на боиштата во Сирија и Ирак

Околу илјада лица од држави од Западен Балкан во изминатите неколку години заминале на боиштата во Сирија и во Ирак. Потребна е блиска соработка на државите во регионот заради неутрализирање на ширењето радикализација по враќањето на тие борци, беше речено денеска на втората Регионална конференција за борба против тероризам и спречуавње и сузбивање насилен екстремизам, која се одржува на Брдо крај Крањ.

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ истакна дека меѓу факторите за радикализација се економските и општествени проблеми, како и пропагандата. 

- Теророзмот е еден од најголемите проблеми на државите и потребно е да се спознае за да биде победен, нагласи Свилановиќ. Тој оцени дека е потребно рано соочување со предизвиците  и дека е потребна активна поддршка од владите на дрржавите во регионот. Свилановиќ додека дека ЕУ ветила финансиска поддршка за оваа цел.

- Претходната конференција имаше фокус на заминувањето на борци, а овогодишната е на неутрализирање на влијанието на повратниците, рече Свилановиќ.

Од 2012 до 2017 година околу 5.000 луѓе од држави од ЕУ заминале на боишта во Сирија и во Ирак, а од Западен Балкан околу илјада, потенцира Свилановиќ. Од нив, околу 300 се вратиле, повеќе од 200 загинале, а околу 400 и понатаму се во тие две држави, погодени од војна.

Претставници на влади на држави од југоисточна Европа, регионални организации и иницијативи учествуваат на конференцијата за регионална соработка во борба против тероризмот и насилниот екстремизам на Брдо кај Крањ.

Учесниците на втората Регионална конференција разговараат за актуелните предизвици во областа на тероризмот, за активностите на европско, регионално и национално ниво и за начините за спроведување на веќе постигнатите договори.

Конференцијата на Брдо кај Крањ ја организира Советот за регионална соработка, а домаќин е словенечкото Министерство за надворешни работи.

Конференцијата на Брдо кај Крањ е во организација на Советот за регионална соработка, заедно со словенечкото претседавање со Процесот на соработка во Југоисточна Европа, Иницијативата Западен Балкан за борба против тероризмот и Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа.

Првата конференција во таа област се одржа во ноември 2016 година во Тирана.

Ново на Сител