Свежо утро, преку ден сончево со температури до 23 степени
Времето утрово ќе биде свежо, по одделни котлини и речни долини со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност поголема во претпладневните часови. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.
Во Скопје утрото студено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала локална облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Според прогнозата на УХМР, наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно време со студени утра во кои температури наместа ќе се спуштаат до некој степен под нула степени.
- По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Ново на Сител
-
Во САД започна истрага против Гугл за наводно прикажување негативност кон Трамп
-
Струмица и Карпош го напуштаат ЗЕЛС, за Перински и Ѓорѓиевски тоа не е решение
-
Одбележување на Европската недела на безбедност и здравје при работа
-
Уапсен малолетникот кој уби еден, а рани уште еден полицаец во Босанска Крупа
-
Израелска армија: Убиен командантот на елитните сили на Хезболах, Абас Аднан Муслем
-
Најмалку 16 загинати и 11 уапсени во судир меѓу завојуваните картели во Мексико
-
Сообраќајот непречено, по суви коловози
-
Свежо утро, преку ден сончево со температури до 23 степени