-->
-->
Светското пливачко првенство повторно одложено поради коронавирусот
-->
Светското првенство во пливање, кое се организира во јапонска Фукуока, повторно е одложено, од мај 2022 за јануари 2023 година, поради „состојбата со пандемијата и мерките што во моментов се на сила во Јапонија“, соопшти денеска Меѓународната пливачка федерација (ФИНА).
Во почетокот светските првенства беа на распоредот во лето 2021, но прв пат беа одложени, откако Олимписките игри во Токио беа преместени од 2020 во 2021 година.
Како последица на тоа, следното Светско првенство, во катарска Доха, ќе се одржи во јануари 2024 година, шест месеци пред почетокот на Олимписките игри во Париз, додаде ФИНА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот