Светските организации бараат итно снабдување на сиромашните земји со вакцини против Ковид
Лидерите на Светската здравствена организација, Светската трговска организација, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка колективно ги повикаа производителите на вакцини против Ковид-19 да им дадат приоритет на испораките за посиромашните земји.
Во заедничката изјава, тие рекоа дека земјите што се многу напредни во вакцинирањето против болеста треба брзо да обезбедат дози во корист на помалку просперитетните нации.
„Во областа на вакцините, клучно ограничување е акутниот и загрижувачки недостиг на испорака на дози за земјите со низок и низок среден приход, особено за остатокот од 2021 година. Ги повикуваме земјите со напредна програма за вакцинација против Ковид-19 да пренасочат што е можно поскоро од договорените дози на вакцини и опции за Ковакс, АВАТ (Африкански фонд за вакцини) и за земји со низок и среден приход“, се вели во Изјавата.
Четирите меѓународни агенции формираа комбинирана работна група за вакцини, терапија и дијагностика за Ковид-19 за земјите во развој за да ги идентификуваат и отстранат бариерите за производство.
Повеќе од четири милијарди дози вакцини против Ковид-19 се веќе администрирани ширум светот. Во земјите категоризирани од Светска банка како држави со високи приходи, беа инјектирани 98,2 дози на 100 луѓе. Таа бројка изнесува1,6 на 100 во 29 земји со најниски примања.
Ново на Сител
-

Уапсен крадец во Гостивар за издржување на казна затвор од 16 месеци
-

МОБ: Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, кој остави длабока трага во македонската музичка култура
-

Ракометарите на Вардар го пречекуваат Тиквеш
-

КЗК : Констатирани неправилности кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук
-

Оперскиот пејач Ристе Велков меѓу загинатите во тешката сообраќајна незгода
-

РСБСП со апел: Внимателно и одговорно во сообраќајот за продолжениот празничен викенд
-

Кафе-дебата „Скопје – европски град на културата 2028: Културното наследство и современата културна динамика“
-

Најстудено изутринава на Попова Шапка и Лазарополе, најтопло во Скопје - Петровец
