Светските лидери за ситуацијата во Турција
Стефен Зајберт портпарол на германската канцеларка Ангела Меркел на Твитер објави дека „мора да се почитува демократскиот поредок во Турција и се да се направи за заштита на животите“.
- Турција е многу важна регионална сила и секако стаболноста на Турција и ситуацијата во таа земја непосредно влијае на состојбата во регионот, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
И генералниот секретар на Обединети нации Бан Ки-мун апелираше за мир во Турција по обидот за воен удар.
Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон изјави дека е загрижен поради настаните во Турција и оти внимателно се следи ситуацијата,
Иран изрази длабока загриженост поради ситуацијата во Турција.
- Стабилноста, демократијата и безбедноста на турските граѓани се најважни. Единството и разборитоста е имеператив, изјави иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Зариф.
САД апелираа до сите страни во Турција да ја поддржат Владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган против обидот за пуч.
Американскиот претседател Барак Обама и државниот секретар Џон Кери, кој е во посета на Москва, телефонски разговараа за ситуацијата во Турција.
- Претседателот и државниот секретар се согласија дека сите страни во Турција треба да ја поддржат демократски избраната Влада во Турција, да покажат воздржаност и да избегнат какво боло насилство и крвопролевање, соопшти Белата куќа.
Претходно, Северноатлантската алијанса и Европската унија цврсто застанаа зад демократски избраната власт во Турција, по синоќешниот обид за воен удар во оваа држава, јави дописникот на МИА од Брисел.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци