-->
-->
Светските лидери го поздравија договорот меѓу Хамас и Израел
-->
Светските лидери го поздравија мировниот договор меѓу Израел и Хамас постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „историски чекор кон завршување на двегодишната војна во Газа“.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го поздрави објавувањето на договорот, кој предвидува прекин на огнот, ослободување на заложниците и отворање на хуманитарна помош за Газа.
„Ги повикувам сите страни целосно да го почитуваат договорот. Борбите мора да престанат еднаш засекогаш, а страдањето на цивилите мора да престане“, рече Гутереш, додавајќи дека Обединетите нации ќе помогнат во спроведувањето и обновата на Газа, објави Ројтерс.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево
-
Предизборен карван на СДСМ во Тетово
-
Тема на денот со Дарко Костовски, кандидат за градоналачник на Бутел(ВМРО-ДПМНЕ)
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски повика на обединување на општеството, борба против криминалот и судство еднакво за сите
-
Филипче на средба со Сојузот на борците по повод 11 Октомври
-
Доделена наградата „11 Октомври“ за животно дело
-
Нов директор на неврологија во понеделник - Лекарската комора ќе го разгледува случајот со д-р Кузмановски