Светскиот ден на прва помош

Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвениот крст на територија на град Скопје, денеска традиционално го одбележуваат Светскиот ден на Првата помош во соработка и поддршка од СВР Скопје.
По тој повод ќе организираат показна вежба за правилно укажување прва помош на неколку локации во Скопје, односно пред ТЦ Бисер, ТЦ Сити мол, Порта Македонија и спроти ТЦ Мавровка. Ќе бидат симулирани незгоди, а возачите на моторни возила кои ќе бидат сопрени од страна на екипите на СВР Скопје ќе треба правилно да ги санираат.
Во вежбите освен волонтерите на Црвен крст ќе бидат учествуваат и ученици од 19 основни и средни училишта во кои Црвен крст на град Скопје има училишни клубови за едукација и превенција, а младите ќе бидат вклучени во делење на флаери на минувачите.
Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на Првата помош реализирана ќе биде обука за 19 наставници и професори одговорни за работата на клубот во нивното училиште, а набавени се и поголема количина санитетски материјал кој ќе биде предаден за секое од овие училишта.
Активностите годинава се дел од проектот Училишни клубови за едукација и превенција поддржан од Трансмет -Скопје.
Ново на Сител
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
-

Изгласан вториот ребаланс на буџетот
-

Трамп ја номинира адвокатката Кристи Меккормик за нова амбасадорка во Македонија
-

Нацрт-верзиите на Кривичниот Законик и Законот за кривична постапка отпатуваа за Брисел
-

До февруари „Сејф Сити“ низ цела држава – Годишно се очекуваат 10 милиони евра од казни во буџетот
