Светскиот бестселер „Црвена како крв“ објавен на македонски јазик
Книгата „Црвена како крв“ од финската авторка Сала Симука е објавена на македонски јазик во издание на „Бата прес“. Станува за бестселер за млади, книга што досега е преведена на голем број јазици и е објавена во над педесет земји во светот.
Во оваа современа бајка, седумнаесетгодишната тинејџерка Лумики Андерсон во темната комора на своето училиште во Тампере, наоѓа како се сушат еден куп испрани крвави банкноти, што од корен го менуваат нејзиното мирно тинејџерско секојдневие. Таа влегува во еден вител од опасни настани во кои на површина испливуваат наркоманското подземје, руската мафија, корумпираната полиција.
„Црвена како крв“ е дел од трилогијата на финската авторка во која се уште и бестселерите „Бела како снег“ и „Црна како абонос“, што веднаш по објавувањето станаа светски книжевен феномен.
Сала Симука (1981) е финска преведувачка и авторка на романи за млади. Студирала нордиска филологија и книжевност, креативно пишување и родови студии. Живее во Тампере и добитничка е на престижната награда Topelius Prize за најдобар фински роман за млади во 2013 година.
Ново на Сител
-
Измамена 79-годишна жена од Скопје за златен накит и сума од 216.949 денари
-
Кривична за 28-годишен Стружанец, со посебен уред ги намалувал потрошените киловати струја во угостителски објект
-
Симулациска вежба на македонската и грчката полиција за прекугранична контролирана испорака
-
Раководството на Милан разочарано од Ернандез
-
Астон Мартин ниту демантира ниту потврдува за интересот на тимот за Верстапен
-
Сингер: Беше потребно време да се убеди Синер да ја прифати суспензијата од ВАДА
-
Белингем казнет со два натпревари поради вербален напад на судија
-
Уставниот суд поведе постапка за оценување на стажот на членовите на Советот на јавни обвинители