-->
-->
Светски рекордер падна на допинг-тест
-->
Светскиот рекордер во брзо лизгање, Русинот Павел Кулижников имал позитивен допинг тест, на истиот лек, мелдониум, поради кој во понеделникот „падна“ и тенисерката Марија Шарапова.
Тренерот на Кулижников, не открил каде и кога е направен тестот, туку само објавил дека тој бил позитивен на мелдониум, лек кој од 1.јануари се наоѓа на листата на забранети супстанци на Светската антидопинг агенција (WADA).
Тренерот Дмитриј Дорофеев, за агенцијата Тас рекол дека Кулижников го користел лекот додека тој бил легален, но дека истиот не го употребувал веќе една година.
Кулижников од почетокот на 2015 година освои пет златни медали на светските првенства, а воедно е светски рекордер на 500 метри.
Инаку, Кулижников од 2012 до 2014 година бил позитивен на забранетата супстанца метилхексамин.
Мелдониумот го произведува компанија во Летонија, се употребува во Литванија и Русија, а во САД е забранет, а може да се купи во Русија, Украина, Молдавија, Белорусија, Азербејџан и Ерменија.
Овој лек се користи за исхемиски болести на срцето, односно кај ангина пекторис и овозможува подобар проток на кислород низ клетките и ги шири крвните садови. Оние кои го употребуваат имаат поголема издржливост при зголемени физички напори.
WADA смета дека мелдониумот е метаболички кој е сличен на инсулинот.
Руската лизгачка Екатерина Боборова, во вторникот, соопшти дека на овогодишното Европско првенство била позитивна на мелдониум, а поради употребата на овој лек, привремени суспензии добиле шведскиот атлетичар Абеба Арегави, турската атлетичарка Гамзе Булут, рускиот велосипедист Едвард Ворганов и бијатлонците од Украина Олга Абрамова и Артем Тишченко.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
82 годишнина од депортацијата на штипските евреи
-
Интерепалции: За СДСМ напад на уставниот поредок, за ВМРО-ДПМНЕ чистење од партиски кадри
-
Членовите на Судски совет се уште не одлучиле дали ќе присуствуваат на собраниската седница за нивна интерпелација
-
Рекации за интервјуто на Пендаровски за Сител
-
Европа да ги задржи добрите односи со САД, меѓу приоритетите на полското претседавање со ЕУ
-
Касами: ДУИ да се реформира наместо да се заканува
-
СДСМ: Во министерството за дигитална трансформација тендери добивал сопругот на државната секретарка
-
Граѓани вртат кругови да најдат паркинг - хаосот со паркирање на Клинички со години е секојдневие