-->
-->
Светски рекорд: Во Калифорнија се падна џекпот од две милијарди долари на лотарија
-->
Еден играч во Калифорнија освои 2,04 милијарди долари на лотарија, соопшти денеска официјалната веб-страница на лотаријата „Пауербол“, што е рекордна добивка во светот.
По неколку недели без добитник, само еден тикет ја освоил премијата со броевите 10, 33, 42, 47, 56 и 10, соопшти лотаријата.
„Калифорниската лотарија го доби првиот милијардер во својата историја“, објави Калифорниската лотарија, истакнувајќи дека среќниот билет е продаден во сервисниот центар Џо во Алтадена, Калифорнија.
Среќниот добитник треба да избере дали сака да ја добие целата сума, но на рати во текот на три децении, или да биде платена одеднаш, со 997,6 милиони долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина оваа година
-
Запленета брендирана стока, приведен 30-годишник од Крива Паланка | ФОТО
-
Приведен 22-годишник од Гевгелија, при претрес на неговиот дом најдена е дрога
-
Нови правила за транспарентност за моделите на вештачка интелигенција во ЕУ
-
Судот во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот
-
Трамп вели дека Пауел од ФЕД треба да поднесе оставка
-
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова: Илинден е сржта на македонската историја, срцето на македонската република
-
Новата сезона во Првата фудбалска лига стартува во петок со два натпревара