Светски метеоролози: Долго, топло и сушно лето во Јужна и Источна Европа
Реномираната американска компанија за метеролошка прогноза АјкуВедер (AccuWeather) предвидува дека за подрачјето на јужна и источна Европа ова ќе биде долго топло лето со опасни топлотни удари и суша.
Според прогнозите на АјкуВедер на ова подрачје се очекува долг период со температури над вообичаениот просек, особено во Италија и на Балканскиот Полуостров.
Особено долгиот топлотен бран ќе биде изразен во текот на јули и август.
- Температури над 32 степени Целзиусови ќе бидат вообичаени во текот на целото лето, а ќе има и најмалку еден подолг период на опасни горештини, кој ќе трае најмалку седум дена, се наведува во прогнозата, со посебна напомена дека можат да се очекуваат и температури, кои ќе бидат над досегашните температурни рекорди.
Метеорологот Аен Реперт говорејќи за подрачјето на Балканот изјави дека најголема опасност од високи температури им се заканува на Македонија, Унгарија и Романија.
Неговиот колега Тајлер Ројс не ја исклучи можноста од појава на зголемено ниво на смог и лош квалитет на воздух.
Како последица на високите температури ќе се појави суша, што негативно ќе се одрази врз посевите.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода
-
Општата болница во Струмица добива нови доктори и здравствен персонал
-
Светски ден на борба против хепатитис
-
Преглед на вестите од светот